Металург испушти победа во Харков
Нашиот претставник во ракометната ЛШ Металург по одличното прво полувреме во кое водеше со 18-12 против украинскиот Мотор, сепак не успеа да победи во Харков и се враќа со нерешен резултат 28-28.
Металург повторно играше без Лино Червар но изненади во првиот дел за да целосно разочара во вториот. Гуглета и Јагањац беа најефикасни во нашиот тим со по 7 погодоци додека Арсиќ фати 12 топки. Тимот од Автокоманда на оваа средба настапи без Кузмановски.
Вистинска драма се случи во финишот од мечот кога Металург поведе на стартот од последните три минути со 28-26 но дозволи израмнување 28-28. Потоа македонскиот тим не реализира напад за да ракометарите на Мотор во последните 7 секунди стигнат до голот на Арсиќ но за среќа стрелаа само во пречката.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата