Македонија
26. February 2016 - 8:55

„Метафори на постоењето“ - изложба на уметници од Македонија и Полска во Велес

Во организација на Народниот музеј синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата насловена „Метафори на постоењето“ на ликовните уметници од Македонија Стојче и Емилија Тоциновски, и нивните колеги од Полска, брачните парови Олга Лалич Кравицка и Камил Кравицки, Јаина Смола и Марин Смола  и Јакуп Неиџела.
 
Тие во Велес се претставија со 18 дела со различни изработки и техники: акрил на платно,фотографија,цртеж и компјутерска графика.
 
Како што појасни ликовниот уметник Стојче Тоциновски, тој и сопругата Емилија Тоциновска која исто така е ликовен уметник, заедно творат веќе три години.
 
- Ние работиме во техника  акрил на платно, а специфично за нас е и тоа што двајцата заедно работиме на едно платно, исто како да работи една рака. На нашите минијатурни платна се изработени пејсажи кои се стилизирани и апстрахирани, веле Тоциновски.
 
Инаку изложбата првично во декемви беше отворена во КОРА при Домот на градежници во Скопје, а по Велес, во наредните месеци се во преговори да ја презентираат и пред ликовната јавност во Полска.