Мета: Време е да се реши проблемот меѓу Косово и Србија, но не со промена на границите
Време е да се реши проблемот меѓу Косово и Србија. Решението никогаш не е да се сменат границите, туку да се почитуваат европските стандарди на секое малцинство, изјави албанскиот претседател Илир Мета на свеченоста одржана во косовската амбасада во Тирана по повод 12-годишнината од независноста на Косово.
Додаде дека во светот има мнозински и малцински народи, но единственото решение е демократскиот начин на решавање на работите, јави дописничката на МИА.
-На Балканот, секој народ и секоја нација е мнозинство во една и малцинство во друга држава. И решението никогаш не може да биде со промена на границите, туку да се почитуваат европските стандарди на секое малцинство во секоја земја. Тоа е причина што Албанија го направила и го прави за да покаже целосна одговорност за почитувањето на сите малцинства. По овој важен настан, имаме уште еден многу важен настан, а тоа е празникот на Србија каде треба да присуствуваме,рече Мета.
При тоа кажа дека имал чест да го запознае Зоран Ѓинѓиќ, проевропски, визионерски демократ.
– И покрај историјата и предрасудите, имав среќа да запознам еден голем водач на Србија, проевропски, визионерски демократ, Зоран Ѓинѓиќ, кој за жал повеќе не е меѓу живите. Убеден сум дека сонот на граѓаните на Србија за европска земја е се уште жив. И никогаш не треба да се водиме од предрасуди во односите со Србија за иднината, рече тој.
Додаде дека независно Косово покажало дека е фактор на стабилност.
– Никогаш нема да има одржливо решение со размислување за решение со помалку Албанци во Србија и со помалку Срби на Косово. Единствено решение е соживот и почитување на европските стандарди за малцинствата, рече Мета.
На Балканот од моето 30-годишно искуство, додаде Мета, велам дека нема лош и добар народ, но има мудра и визионерска, убиствена и деструктивна политика и оти тоа важи за сите земји и за сите народи.
-Мора да го направиме нашиот регион посилен, посигурен и попривлечен, во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора. Време е да се реши проблемот меѓу Косово и Србија, како што беше решено меѓу Северна Македонија и Грција. Во срцето на договорот и нормализацијата меѓу Косово и Србија треба да биде взаемно признавање меѓу двете земји. Ова би направило огромно ослободување на позитивните енергии низ целиот регион, порача Мета.
За младите да не го напуштаат регионот, Мета рече дека е неопходен нов дух на соработка и разбирање и решавање на историските проблеми за да не бидат нивни заложници.
Ново на Сител
-
Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен
-
Приведен 48-годишник, се заканувал кон поранешната сопруга и нејзината мајка
-
Се заканувал на неговата сопруга, приведени две лица од Зајас, при претрес пронајдени се оружје и муниција
-
Уписи на Скопскиот Универзитет, слободни над 9700 места за бруцоши
-
Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС
-
Приведени три лица, при претрес на возилата пронајдена е дрога | ФОТО
-
Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест
-
Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот