Мета: Претседателот и припаѓа на Републиката, а Републиката на албанските граѓани
Шефот на албанската држава Илир Мета коментирајќи ја иницијативата за негово разрешување покрената од пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија, изјави дека „претседателот и припаѓа на Републиката, а Републиката на албанските граѓани”.
– Претседателот е избран од Парламент, секако не како овој, туку од целосно легитимен Парламент. Претседателот и припаѓа на Републиката, а Републиката на албанските граѓани, изјави Мета.
На функцијата шеф на албанската држава со петгодишен мандат Мета беше избран од претходниот состав на Парламентот, на крајот од април 2017 година, а на функцијата стапи во јуни.
Тој најави дека набрзо ќе донесе одлука за нов датум за одржување на локалните избори, откако претходно ја поништи уредбата за распишување на изборите за 30 јуни.
Според него, секој кој не ја почитува уредбата за одлагање на изборите и наштетува на Албанија.
– Се до новиот датум, уредбата за одлагање на изборите е во сила и таа треба да се почитува и спроведува. Кој посакува да чекори по патот на незаконитоста, тоа е негово право, но едно треба да знаат дека на тој начин го провоцираат социјалниот мир и демократската стабилност во земјата, посочи Мета.
Тој, при тоа ги, повика на консултации премиерот и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК