-->
-->
Мета: Да им ја вратиме Албанија на Албанците или денес или никогаш
-->
На Меѓународниот ден на демократијата, шефот на албанската држава Илир Мета им се обрати на граѓаните со порака, потсетувајќи дека во темелите на демократијата е гласањето, правото на секој граѓанин да избира и да биде избран, политички плурализам.Мета изразува загриженост поради тоа што принципите и вредностите кои се столб и срце на демократскиот свет, во неговата земја воопшто не се почитуваат.
Опишувајќи ја состојбата во која се наоѓа земјата, тој вели дека денес Албанија е последна во регионот пред вратата на ЕУ и оти за тоа никој не одговара,туку напротив има уште поголемо продлаболување на беззаконието.
-Опасната појава на паралелна држава на пропаганда и јавно приватно партнерство и подземни агенди кои ја фатија за врат Албанија, не се ништо друго освен заговор против демократијата, секоја нејзина вредност и начело, против суверенитетот на сите граѓани, кои сакаат вистинска европска и западна демократија, пишува Мета во пораката објавена на Фејсбук заедно со фотографија од декемвриските студентски движења во ’90 години.
Денес, посочува Мета, имаме заедничка историска мисија: Да ја спасиме демократијата од заложништво на едно неодговорно и нелегитимно малцинство.
-Времето не чека! Ова е нашата битка! На слободните, чесни и вредни луѓе на нашата прекрасна младост! И на сите нас кои ја сакаме Албанија со нашите срца и души! И јас сум порешителен од кога било! За демократска Албанија, како цела Европа! Бидејќи за слободата, демократијата и човечкото достоинство не се преговара,порача Мета.
Шефот на државата изјавува дека заштитата на демократијата денес е патриотска задача да ја врати довербата на секој граѓанин и на секоја млада личност дека најдобрата иднина е само овде и за тоа е потребно да се промени придонесот на сите.
Според него одбраната на демократијата денеска е патриотска должност со цел „да се врати вербата на секој граѓанин, секој млад човек, дека најдобрата иднина е единствено тука и оти тоа бара продонес од секого без ислучок“.
-Заминувањето од земјата не е решение, туку будењето и промената! Заминувањето ги интересира оние што сакаат да ја испразнат Албанија од Албанците, така што тие со време планираа бавно убивање на демократијата и владеењето на правото. Да ја вратиме Албанија на Албанците и единствено ним!Или сега или никогаш!Затоа што нашата младина надвор може да најде се што и недостасува денес тука, но тие никогаш нема да најдат татковина,стои во пораката на Мета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Македонија отсекогаш имала реформски капацитети, потребна е политичка волја во ЕУ за забрзување на процесот на проширување
-

Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок
-

Малолетничка нападната од две други девојчиња во парк во Ѓорче Петров
-

Мартин Саздов започнал љубовна врска со Ивана, Стојанче се заканувал дека ќе објави експлицитни видеа
-

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово
-

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час
