Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
Американскиот глумец Мет Лебланк целосно ѝ се посвети на својата нова работа – водење салон за користени луксузни автомобили во Лос Анџелес.
Комичарот никогаш не ја криел својата страст кон автомобилите, па го водеше и британското ТВ-шоу „Топ гир“ (Top Gear) од 2016. до 2019 година, кога се врати во САД за да биде со своето семејство.
Сега тој оди чекор натаму, вложувајќи свои пари во специјализиран автосалон наречен „РПМ моторкарс“ (RPM Motorcars). Компанијата нуди луксузни и спортски автомобили, т.е. пронаоѓање ретки модели за богати клиенти.
Meѓу тие клиенти, наводно, бил и неговиот близок пријател и колега од ТВ-серијата „Пријатели“, глумецот Метју Пери, со кого ја делел љубовта кон автомобилите од високата класа. Лебланк, се чини, го прави овој бизнис и семејна работа, бидејќи и неговата 20-годишна ќерка Марина е видена неколкупати во салонот последниве неколку недели, понекогаш и во маичка со логото на компанијата.
Лебланк, според гласините, прави пауза од својата филмска кариера. Последната улога му беше онаа во хумористичната ТВ-серија „Човекот со план“ (Man with a Plan), којашто се прикажуваше од 2016. до 2020., како и во специјалното издание на „Пријатели“ од 2021 година, кога и самиот рече дека „одвојува малку време за себе“.
Засега нема нови улоги.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка