-->
-->
„Местачите“ од Катанија ќе играат во Серија -Ц
-->
Преселба во третата лига и одземање на 12 бодови е казната која Фудбалската федерација на Италија му ја изрече на ФК Катанија. Претседателот на клубот, Антонино Пулвирети пред неколку месеци призна дека платил 500.000 евра за да намести пет натпревари во Серија Б, во минатата сезона.
Поради учеството во лажирањето на натпревари покрај Катанија казни добија уште и ФК Терамо, односно ФК Савона. Овие два клуба се префрлени во Серија Д, но без притоа да им бидат одземени и бодови.
Катанија минатата сезона со серија од пет победи, забележани во периодот од 29.март до 24.април, избори опстанок во Серија Б.
Од друга страна мечот Савона-Терамо бил наместен со цел Термано да избори пласман во Серија Б.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак