Месиќ: На Балканот живееме во атмосфера на продолжена студена војна

На политичката сцена на Балканот ништо не се промени и ние живееме во атмосфера на продолжена студена војна, изјави во Приштина поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ.
- Можам да оценам дека на политичката сцена на Балканот ништо не се промени во позитивна смисла. Живееме во атмосфера на продолжена студена војна, додека Европа тоне во вртлогот на популизмот, изјави Месиќ во обраќањето на дводневната Конференција за култура и мир на Западниот Балкан, што започна вчера во Приштина.
Воведно излагање на Конференцијата имаше претседателот на Светската федерација на мирот, Томас Волш. а покрај Месиќ на собирот учествуваат и поранешните претседатели на Албанија и на Косово, Алфред Моисиу и Фатмир Сејдиу, како и пратеникот во косовското Собрание, Слобдан Петровиќ.
Месиќ синоќа во Приштина се сретна со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој, како што јави Танјуг, му се заблагодарил за „силната поддршка што им ја дал на Косово и косовскиот народ во сите фази - од мировното движење во 90-те години на минатиот век, преку ослободителната војна и патот на земјата кон независност, па се до денес“.
- Примерот на патот на Хрватска кон членство во ЕУ и НАТО е добар пример, на кој треба да се потпре Косово во својата евроаталантска агенда, истакнал Харадинај на средбата.
Месиќ му честитал на својот соговорник за изборот за премиер и му посакал најдобри желби на евроталанскиот пат, додавајќи дека „политичките функции се минливи, но оти неговото пријателство со Рамуш Харадинај и народот на Косово ќе бидат вечни“.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
