-->
-->
Меси веќе еден месец е на светскиот трон!
-->

Суперѕвездата и капитен на Аргентина , Лионел Меси објави емотивна изјава на Инстаграм по повод еден месец од освојувањето на светската титула на Светското првенство во Катар
Еве што напиша Меси на видеото од одбрани моменти од натпреварите на Аргентина на Светското првенство во Катар:
Еден месец од најубавото нешто на светот и уште не ми се верува. Каква прекрасна забава имавме сето ова време, завршувајќи со подигнување на Купот што сите го посакувавме толку многу.
Секако, да се биде шампион прави сè да изгледа подобро, но колку добар месец имав, какви прекрасни спомени имам и ми недостигаат. Ми недостигаат соиграчите, секојдневието со нив, душеците, разговорите, тренинзите, глупавите работи што ги правевме...
Колку беше убаво да се види моето семејство како секој ден ужива во незаборавно искуство за сите и колку беше прекрасно да се оди на натпревари и да се види лудоста на луѓето на теренот и во Аргентина.
Ти благодарам Боже за сето ова. Како што реков, знаев дека ќе ми го дадеш. Она што не можев да го замислам беа последиците од она што го постигнав и не згрешив бидејќи никогаш не можев да го замислам лудилото на луѓето на веселбите.
Помина веќе еден месец... СВЕТСКИ ШАМПИОНИ!!!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
