Фудбал
30. јуни 2016 - 12:54

Меси се откажа од репрезентацијата поради корупцијата во аргентинскиот фудал?!

Лионел Меси, по поразот во финалето на Копа Америка, реши да се повлече од националниот тим. Поразот во Њујорк на Копа Америка беше четвртотo финале кое Меси го загубил со репрезентацијата на Аргентина.
 
Одлуката на Меси предизвика лавина од реакции во Аргентина, речиси 90 отсто од населението го моли да ја повлече својата одлука да собере сили и да го предводи тимот и на Светското првенство во Русија.
 
Сепак, добро упатените велат дека поразот во финалето од Чиле нема врска со одлуката со напуштање на репрезентацијата, туку дека Меси со оваа своја одлука сака да укаже на корупцијата која владее во аргентинскиот фудбал и во Фудбалската федерација на оваа земја. Поранешниот претседател Луис Сегура е обвинет дека со неклолкумина претседатели на клубови учествувал во местење натпревари.
 
Сегура повеќе не е на функцијата откако мораше да интервенира ФИФА, која постави привремена влада во аргентинската федерација.
 
Ситуацијата со фудбалот во Аргентина е толку лоша што двата најголеми и најпопуларни клуба во државата, Бока јуниорс и Ривер плата, сакаат да основаат свое приватно првенство, бидејќи сегашната лига се наоѓа во катастрофална состојба поради недостиг од пари и сомнителни типови кои ги водат клубовите.
 
Иако интервенираше ФИФА и го тргна Сегура од функцијата, токму поради него аргентинските ѕвезди решија да ја напуштат репрезентацијата. По Меси, се јавија Маскерано, Ди Марија, Кун Агуеро.., кои објавија дека повеќе нема да играат за репрезентацијата.