-->
-->
Меси преживеал лет во авионот на смртта - Аргентинецот патувал со авионот во кој загинаа колумбиските фудбалери
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/november/lionel-mesi-argentina-foto-fonet-1480418818-1046385-90555.jpg?itok=WPrfwoQ2)
Меси и Аргентина пред 20 дена летале во „кобниот“ авион
Авионот што се урна во непосредна близина на колумбискиот град Меделин редовно бил користен за транспорт на спортски екипи, а пред само дваесетина дена во него патувал Лео Меси, кој заедно со аргентинската репрезентација летал за Бразил за квалификацискиот натпревар за СП против „кариоките“.
„Авионот Ламиа БАЕ-146 го користат бројни репрезентации и спортски клубови за транспорт низ Јужна Америка. Меѓу последните беа аргентинските фудбалери, кои токму со овој авион отпатуваа за Бразил на последниот дуел со големиот ривал“ – јавуваат јужноамериканските медиуми.
Авионот го користел и колумбискиот клуб, Атлетико Насионал, кој требаше да биде ривалот на Чапекоенсе во големото финале од Копа Судамерикана.
„Во бројни ситуации сме го користеле истиот авион. Никој никогаш не ни помислува на ваква трагедија“ – истакна претседателот на Атлетико Насионал, Хуан Карлос де ла Куеста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа