Меси побара „поштеда“ од Валверде

Лионел Меси побарал од тренерот Ернесто Валверде да не игра на сите натпревари до крајот на сезоната. Причина за ваквото негово барање е неговата желба да има повеќе време за одмор до почетокот на Светското првенство во Русија.
Барселона е на чекор до освојувањето на титулата во Шпанија, в сабота против Севилја ќе се бори за трофејот во Купот, а испаднаа од Лигата на шампионите.
Поради тоа, Меси побарал помалку да игра до крајот на сезоната, објавија шпанските медиуми. Ова значи дека Аргентинецот на некои натпревари нема да биде во тимот, а на одредени мечеви нема да игра 90 минути или ќе влегува во игра од клупата за резервни фудбалери.
Меси сезонава има постигнато 39 гола на 40 одиграни натпревари во сите конкуренции.
Негова голема желба е да ја освои светска титула со Аргентина поради што од наредната недела целосно сака да се насочи кон мундијалот во Русија.
Ново на Сител
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебни обвинувања за лицемерие, луксуз и криминал
