Меси по точно два месеца се враќа на теренот
Суперѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси, вечерва повторно се враќа во тимот. По цело два месеци пауза поради повреда, аргентинскиот виртуоз треба да го предводи тимот на Интер во дуелот против Филаделфија.
„Да, Лео веќе се чувствува добро. Се врати и на тренинзите. Треба да направам добра тактика, но тој секако е планиран да биде дел од тимот. Повторно го имаме најдобриот играч во светот во нашите редови и многу сме среќни поради тоа“, рече тренерот на Интер Мајами, Тата Мартино.
Меси се повреди настапувајќи за репрезентацијата на Аргентина и тоа во финалето на Копа Америка против Колумбија, кога го повреди зглобот на ногата.
Аргентинецот сезонава одигра 12 меча во МСЛ шампионатот и има фантастичен учинок од 12 голови и 13 асистенции. Доброто за Интер Мајами е тоа што и кога меси беше повреден, тимот продолжи да победува, па по 27 одиграни меча е убедлив лидер на Источната конференција со 59 бодови, дури осум повеќе од второпласираниот Синсинати.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола