Фудбал
15. January 2018 - 10:30

Меси го сруши рекордот на Милер!

Барселона забележа нова победа во шпанската Примера и тоа на тешкиот терен во Сосиедад со 4-2. 

Последниот погодок го постигна Меси со прекрасен удар од далечина што е негов 366-ти во првенството.
Тоа значи и нов рекорд во националните шампионати  откако Меси го надмина досегашниот од 365 погодоци на легендарниот Герд Милер во Бундес лигата постигнат од 1964 до 1979г.