Меси: Дадов сè за Аргентина

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси ги сподели своите емоции по неговиот проштален натпревар за репрезентацијата.
На стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, Аргентина ноќеска го победи Бенин со 3:0, а Меси постигна еден гол и имаше две асистенции.
– Емоциите денес се неверојатни. Ви благодарам на сите. Првата личност на која помислувам е мојот татко. Би сакал да бидам тука со репрезентацијата на Аргентина засекогаш, до крајот на мојот живот… но дојде време да си заминам. По последното Светско првенство, беше време да се збогувам. Ви благодарам, бидејќи претставувањето на Аргентина е најдобрата работа досега. Немам друг избор освен да му се заблагодарам на овој дрес. Дадов сè за Аргентина. Никогаш не се откажав од овој дрес. Секогаш се борев, одев напред и давав сè од себе. Дваесет години давав сè од себе за Аргентина, го цитира новинарот Фабрицио Романо 39-годишниот Меси.
Со националниот тим, Меси освои злато на Светското првенство во 2022 година и сребро на Мундијалот во 2026 година. Има 208 настапи за Аргентина, 126 гола и 69 асистенции. Дебитираше за репрезентацијата во август 2005 година.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
