Меси: Бразилската полиција тепаше луѓе, а на трибините имаше семејства на играчи
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси ја критикуваше работата на полицијата во Бразил на натпреварот од квалификациите за СП 2026 година одигран ноќеска во Рио де Жанеиро.
– Видовме како полицијата тепа луѓе, а многу играчи имаа членови од семејството на трибините. Не можевме да се концентрираме на играта. Слична ситуација се случи овде и во Копа Либертадорес. Бразилската полиција повторно презема мерки против луѓето. Решивме да одиме во соблекувалната бидејќи беше невозможно да се игра во такви услови. Мислевме дека враќањето во соблекувалната ќе помогне да се смири ситуацијата, изјави Меси за „ABC“.
Средбата на „Маракана“ започна со задоцнување од половина час поради немири на трибините. Додека имаше тепачка на трибините, Меси ја однесе екипата во соблекувалната, по враќањето имаше конфликт со Родриго, кој ги нарече Аргентинците кукавици.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
