Мермерна скулптура на Афродита откриена во цистерната на Виничко кале

Музејот „Теракота“- Виница во мај почна со реализација на проектот „Расчистување и доистражување на објектот цистерна“ на археолошкиот локалитет Виничко кале.
Група археолози и студенти кои работат на овој проект открија мермерна скулптура која спoред првичните проценки е божицата Афродита со Ерос во рацете.
- Интересен предмет кој го пронајдовме на подното ниво на цистерната е мермерна скулптура во седечка положба, најверојатно се работи за Афродита, која седи на карпа и со левата рака се потпира на карпата. Не успеавме да ги најдеме телото и главата од скулптурата. Покрај тоа откривме и доста ќерамика која во следниот период ќе биде научно обработена и се разбира конзервирана и изложена во витрините на музејот „Теракота“. Една од главните цели на проектот поврзани со заштитата на цистерната оваа година е нејзино оградување со ограда од поцврст материјал, изјави Јулијана Иванова, директор на музејот „Теракота“.

Конзервација и покривање на цистерната, посочи таа, би биле последователни фази од проектот за кој треба да се изготви проект во соработка со Национален конзерваторски центар кој е надлежен за недвижното културно наследство на територијата на општина Виница.
Проектот е финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес за годинава.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
