Мерките за бесплатна бања и викенд ќе ги користат 52 пензионери од Ресен
Вкупно 52 пензионери од Ресен ќе ги користат поволностите од владините проекти за бесплатна бањско-климатска рекреација и бесплатен туристички викенд, информира раководителот на подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Науме Попевски.
За 16 пензионери бил одобрен бесплатен викенд, кој ќе се реализира на 4 март во Отешево, додека за бањско-климатска рекреација одобрени се 36 барања, кои ќе се спроведат во две смени, од 2 до 8 и од 8 до 14 април во Дебарски бањи.
До ресенската канцеларија на ПИОМ, според Попевски, биле доставени над 65 барања, од кои некои аплицирале за двете услуги, а некои овие поволности ги користеле минатата година.
- Приоритет во изборот за користење на услугите за бесплатни туристички викенд и бањско-климатска рекреација беа пензионерите со пониска пензија, подолг стаж и оние кои досега не го искористиле ова право. Годинава беа доставени над 65 барања за користење на овие мерки, но некои имаа апликации за двете услуги, а некои беа лани, па затоа правевме селекција, изјави Попевски.
На подрачјето на општина Ресен регистрирани се околу 2.800 пензионери.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција