Мерките на Трамп ги уриваат светските берзи
Акциите на компаниите што котираат на Њујоршката берза денеска забележаа пад, како реакција на имиграциските и трговските мерки што ги презеде новиот американски претседател Доналд Трамп.
Индустрискиот индекс на Волстрит, Дау Џонс падна за 0,4 отсто на 19.882,93 поени, СП индексот за 0,3 проценти на 2.273,45 поени, а технолошкиот индекс Насдак за 0,4 на 5.104 поени.
Аналитичарите проценуваат дека падот вредонста на индексите е последица на минатонеделната одлука на Трамп за забрана за влез во САД за државјаните на седум доминантно муслимански земји.
Пад на вредноста на индексите забележаа и европските берзи. Така, индексот ДАКС на берзата во Франкфурт падна за 0,7 отсто на 11.600 поени, парискиот КАК 40 се намали за 0,2 проценти на 4.773,25 поени, додека единствено лондонскиот ФТСЕ имаше раст од 0,2 отсто на 7.137,42 поени. Индексот на Токиската берза Никеи пак се намали за 1,7 проценти,
Во исто време на девизните берзи, вредноста на еврото се зголеми на 1,0790 долари од вчерашните 1,0712 долари, а фуната забележа раст од 1,2424 на 1,2520 долари. Доларот ослабе и во однос на јенот, па една американска валута денеска се менува за 113,78 јапонски. Вчера доларот чинеше 112,39 јени.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Струмица
-
ДЗР: Од 34 општини со седиште во град, ГУП-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител
-
Министерката Јаневска ќе се обрати на Самитот Македонија 2025 на панелот посветен на образованието на иднината
-
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
-
Без струја делови од Кисела Вода и Сарај
-
Членовите на АФЕТ ќе гласаат по извештаите за Црна Гора и Молдавија
-
Антетокумпо подготвен да ги напушти Милвоки Бакс
-
Романец ќе го суди финалето помеѓу ПСЖ и Интер