Мерки за превенција на насилството врз жените со попреченост, бара Мрежата против насилство

Насилството врз жените со попреченост мора да стане приоритет во стратегиите и мерките за превенцијата на семејно насилство и други форми на родово базирано насилство, бара Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
- Насилството врз жените со попреченост треба да се препознае како сериозен општествен проблем, наместо да се игнорира и миноризира. Жената со попреченост треба да стане дел од сите институции на системот, не да биде исклучок и присутна само во некои сегменти од општествениот живот. Задолжително треба да биде вклучена како креатор на политиките за жените особено во борбата против насилството врз нив, се наведува во барањата изнесени преку соопштение.
Националната мрежа исто така смета дека државните институции треба да обезбедат услуги за заштита на жени со попреченост – жртви на различни форми на родово базирано насилство и семејно насилство, кои ќе бидат целосно пристапни и достапни, како и прилагодени на нивните индивидуални потреби.
Како дел од барањата се наведува и подигање на свеста на жените со попреченост за сопствените капацитети, нивни иницијативи за вклученост и охрабрување за нетолеранција и пријавување на насилството преку прилагодени едукативни и превентивни програми, во зависност од формата на попреченост.
Ново на Сител
-

Меси за Роналдо: Имавме големо спортско ривалство
-

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот
-

Мицкоски по повод 9 Мај: Не смееме да дозволиме подвигот на загинатите борци да биде заборавен или релативизиран
-

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои
-

Најмногу дожд во Претор
-

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина
-

Германски министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии
-

Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на Европа, оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“
