Македонија
17. January 2020 - 17:00

Меркел: Старт на преговорите за Македонија и за Албанија, а потоа секој по својот пат

Македонија и Албанија заедно да ги започнат преговорите со Унијата, а потоа да продолжат индивидуално со процесот во зависност од своите постигнувања, порача германската канцеларка по средбата со хрватскиот премиер Пленковик во Берлин. Меркел очекува  на состанокот на Европскиот совет  во март да се постигне договор за старт на преговорите со двете земји.

- Сметам дека Албанија и Северна Македонија припаѓаат кон истата група. Ги имаме Србија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, и конечно ги имаме Босна и Херцеговина и Косово- каде имаме една поинаква ситуација. Затоа сметам дека доколку сме фер, обете земји треба да започнат преговори, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси“, рече Меркел

Претседателот Пендаровски очекува ваква поддршка од сите членки на Унијата, но и и конкретна временска рамка за старт на преговрите.

- Посакувам, што поскоро, сите држави-членки на ЕУ да го препознаат овој клучен момент за храбри и конкретни чекори во оваа насока. Во тој контекст, очекувам и апелирам новата методологија за водење на преговорите да биде усвоена најдоцна до крајот на март 2020, а паралелно со усвојувањето на методологијата да биде донесена и одлуката за доделување датум за почеток на преговорите со Македонија и соседна Албанија, рече Пендаровски.

Одлуката за проширување ќе биде важна и за самата ЕУ, смета шефот на словачката дипломатија. Лајчак зборувајки на конференцијата за Западен Балкан во Берлин порача дека стартот на преговорите за Македонија ке покаже дека Унијата може да постигне консензус за позитивната агенда на зголемување на мокта и влијанието во регионот кој е важен за безбедноста на континентот.