Меркел со порака од Тирана: Македонија и Албанија ги исполнија условите за членство

Германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, рече дека Албанија и Македонија ги исполниле условите за членство во Европската Унија.
– И Албанија и Македонија ги исполнија поставените услови за да започнат преговори за членство. За жал, тоа не беше постигнато поради бугарското вето, но ние ветивме дека ќе бидеме блиску до овој процес, бидејќи е вложена многу сила и енергија во него, рече Меркел.
Од своја страна, Рама, кој во континуитет ја критикува ЕУ и состојбата на двете земји ја споредува со драмата „Чекајќи го Годо“, оцени дека „ние сме заложници на национализмот внатре во ЕУ“.
– Ние сме заложници на национализмите во ЕУ. Во ЕУ нема националистички влади, но за жал во некои земји националистите и екстремната десница влијаат на одлучувањето на умерените влади. Дури и она што се случува денес е заложништво на интегративниот процес од националистички бран во една земја, рече Рама.
На новинарско прашање Меркел призна дека стагнацијата на процесот на интеграција на Албанија во ЕУ се должи и на внатрешната политика на некои од земјите на Унијата, пренесе „Ора њуз“.
Меркел додаде дека го разбира разочарувањето на земјите од регионот бидејќи, како што рече, кога се исполнети условите, дадениот збор мора да се одржи и да не се даваат други услови поради внатрешно-политички причини во одредени земји.
– Ова носи разочарување и ја разбирам фрустрацијата што постои. Кога ќе се потврди дека се исполнети условите, треба да се одржи зборот, бидејќи во спротивно се појавува разочарување и треба да знаеме како да си веруваме едни на други, рече Меркел.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
