-->
-->
Меркел сака Велика Британија да остане во ЕУ
-->

Германската канцеларка Ангела Меркел на еден ден пред историскиот референдум за прекин на членството на Велика Британија во Европската Унија изјави дека се надева на останување на Лондон во унијата, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Канцеларакта е оптимист дека британските гласачи ќе ја одберат опцијата останување во ЕУ.
„Се разбира дека сакам Велика Британија да остане во Европската Унија но таа одлука е на британските граѓани“ , изјави Меркел по средбата со полскиот премиер Беата Шидло во Берлин.
Во обид да не биде разбрана дека се меша во внатрешните одлуки на Велика Британија Меркел долго се воздржуваше од коментари за референдумот во Британија. Пред две недели таа на Британците им порача дека доколку се одлучат да заминат од ЕУ многу потешко ќе ги остварат своите трговски и други интереси затоа што нема да бидат на масата каде што се носат одлуки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
