Меркел: Разговорите со САД за „Северен тек 2“ одат во добар правец
Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска, по средбата со американскиот претседател Џо Бајден на самитот Г7 во Англија изјави дека разговорите со САД за гасоводот „Северен тек 2“ напредуваат добро.
-Ние сме на добар пат, рече Меркел.
Меркел се согласи со Бајден дека е „потребно и е егзистенцијално важно“ Украина да се задржи во транзитот на гасот од Русија кон Европа.
САД во мај делумно се откажаа од долгогодишното спротивставување на гасоводот и ги укинаа санкциите против компанијата што го гради за да не ги наруши односите со Германија.
САД стравуваат дека „Северен тек 2“ ќе ја направи Европа зависна од рускиот гас. Заговорниците на гасоводот велат дека САД само бараат можност да продадат својот течен природен гас во Европа.
Гасоводот, долг околу 1.200 километри, минува преку Балтичко море и ќе може во Европа да преносе 55 милијарди кубни метри гас годишно, заобиколувајќи ја Украина.
Меркел кажа дека главна тема на денешниот разговор со Бајден е неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин во среда во Женева.
-Само за кратко се разговараше за „Северен тек 2“, кажа германската канцеларка, за која ова беше прва нејзина средба со новиот американски претседател.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот