Меркел: Потребна е солидарност и взаемно почитување во политичките спорови
Германската канцеларка Ангела Меркел во новогодишното обраќање повика на солидарност и взаемно почитување во политичките спорови.
- Да се потсетиме повторно кои вредности не обединуваат, повторно да ја ставиме заедницата во преден план, да се обидеме повторно да посветиме поголемо внимание еден на друг, но вистинско внимание - навистина да бидеме внимателни, навистина да слушаме, да покажеме разбирање, рече Меркел.
Таа вети дека ќе се заземе за справување со растечките социјални разлики во германското општество и дека ќе работи за составување стабилна влада.
Како приоритети ги посочи зголемувањето на инвестициите во безбедноста и одбраната, подобрување на здравството и образованието, како и напорите за надминување на растечката нееднаквост помеѓу градот и селото.
- Светот нема да не чека. Сега треба да ги создадеме условите кои ќе гарантираат дека Германија ќе продолжи да просперира следните 10-15 години. А Германија ќе просперира само ако успехот се однесува на сите луѓе и им го подобрува животот на сите, додаде Меркел.
Според неа, клучното прашање во наредните години ќе биде зајакнувањето на Европската унија и нејзиниот економски успех, а во исто време да ги зајакне надворешните граници и безбедноста. Канцеларката вети дека следната година, заедно со Франција, ќе ја промовираат кохезијата на ЕУ.
- Иднината на Германија е поврзана со иднината на Европа, истакна Меркел, додавајќи дека сите 27 земји членки треба да покажат солидарност.
Заедницата мора да ги заштити своите вредности, како внатре, така и надвор од своите граници и мора да го стори тоа со солидарност и со доверба во својата моќ. Станува збор за тоа дали можеме да работиме за фер и економски успешна Европа. Германија и Франција се подготвени да работат заедно за таа цел, истакна канцеларката Ангела Меркел во новогодишното обраќање.
Ново на Сител
-
Во Охрид до 15 часот гласале околу 38, во Дебрца околу 37 отсто од гласачите
-
Во Тетово до 15 часот за претседател - 21,31 проценти излезеност, за пратеници - 37,01 отсто
-
Во Охрид до 15 часот гласале околу 38, во Дебрца околу 37 отсто од гласачите
-
Во Гостивар до 15 часот излезеноста за претседателските под 20 проценти, за парламентарните 26,6 проценти
-
ДИК: Излезеноста до 15 часот за претседателските избори 33,73 отсто, а за парламентарните 37,44 проценти
-
Излезноста до 15 часот во Дебар, за претседателските избори 15 отсто, за парламентарните 23 отсто
-
Излезноста до 15 часот за претседателски избори е 32,28% , за парламентарни 36,89
-
Во Демир Капија над 46 отсто излезност до 15 часот, во Неготино над 42 проценти