Меркел: Ниту една држава не може сама да ги реши проблемиоте во светот
Ниту една земја не може сама да ги реши проблемите и владите можат многу повеќе да направат за своите држави ако работат заедно и во тесна соработка, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Германија председава со 20 водечки економии (Г-20), чии министри имаат дводневна средба во Берлин.
Меркел ја потенцира важноста од мултилатералната соработка откако претседателот на САД, Доналд Трамп ги стави под знак прашалник меѓународните сојузи и изјави дека неговата политика ќе се раководи од принципот „Америка на прво место“.
Според Меркел добар знак е што американската администрација испраќа делегација на престојната безбедносна конференција, што треба да се одржи во Минхен.
На тридневната конференција. што почнува в петок американскиот заменик-претседател Мајк Пенс и секретарот за одбрана Џејмс Матис ќе имаат средби со европските сојузници.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец, следел и вознемирувал 27-годишна девојка
-
Спасувањето на мечката во Брајчино - драма во планина, храброст на дел
-
Кумановец возел со 1,85 промили алкохол во крвта и удрил во две моторни возила
-
Папата Франциск приватно се сретна со кралот Чарлс Tрети и кралицата Камила
-
Изгоре автомобил наспроти Клинички
-
Леброн за суспензијата на Дончиќ: Не знам зошто судијата го сфати тоа толку лично
-
Винисиус го прекина молкот по фијаското во Лондон
-
Немања Матиќ: Онана е еден од најслабите голмани во историјата на Манчестер Јунајтед