-->
-->
Меркел: НАТО да покаже сила и да го прoдолжи дијалогот со Русија
-->
НАТО треба да покаже подготвеност за одбрана, но не треба да го прекинува дијалогот со Русија туку да ги држи отворени линиите на комуникација, смета германската канцеларка Ангела Меркел.
Таа во своето неделното обраќање преку веб порталот на германската Влада најави двојна стратегија на алијансата во односите со Русија кои што треба да бидат комбинација од демонстрирање на сила и во исто време искажување подготвеност за дијалог, јави дописникот на МИА од Берлин.
Причината за ваквата политика според Меркел е новата безбедносна ситуација во Европа.
Меркел бара НАТО да остане заедно во пресрет на заканите на глобалната сцена кои според германските безбедносни експерти го вклучуваат и рускиот претседател Владимир Путин.
- Трансатлантската алијанса не смее да дозволи да биде поделена на Северна Америка и Европа, вели Меркел во една од нејзините најсилни про-НАТО изјави откако во Белата Куќа дојде Доналд Трамп.
Меркел смета дека НАТО не треба сама да ја води битката против милитантните екстремисти, при што го даде примерот со Сирија каде што е неопходна меѓународна коалиција за битка со исламскиот тероризам.
Изјавата на Меркел следува по нејзината изјава минатата недела во која таа потенцираше дека Русија е важен фактор во битката против меѓународниот тероризам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата