Меркел на 10 и 11 јануари во посета на Атина

Германската канцеларка Ангела Меркел следниот четврток и петок, на 10 и 11 јануари ќе допатува во посета на Атина. Предвидено е да се сретне со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, а ќе биде примена и од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Меркел ќе оствари средба и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
Заменичката портпаролка на германската влада, Мартина Фиц рекла дека на агендата средби ќе се најдат билатералните односи и европските и меѓународните прашања, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Грчките медиуми споменуваат дека и Договорот од Преспа ќе биде една од темите за кои ќе разговара Меркел со грчкиот државен врв, а заменичката портпаролка, според АНА-МПА, прашана за тоа дали и договорот ќе биде на агендата, ја истакнала поддршката на Берлин за затворање на деценискиот спор меѓу двете земји.
-Не можам од сега да кажам дали канцеларката ќе разговара за ова прашање во Атина, но можам да кажам дека уште од почеток германската влада го поздравува договорот за решавање на спорот за името и продолжува да се надева дека овој децениски спор може конечно да се реши. Сега треба да ја чекаме уставната промена во Скопје и ратификацијата во Атина, рекла Фиц, според грчката новинска агенција.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
