Меркел ќе понуди нов план за корона-кризата во Германија – „локдаун“ до мај
Британските медиуми дојдоа до најновиот нацрт-план за затворање на Германија поради кризата со коорнаворусот, а е подготвен од канцеларијата на канцеларката Ангела Меркел. Препораката за натамошно затворање на земјата е содржана во нацртот подготвен од кабинетот на Меркел, а ќе им биде понуден на разгледување на регионалните и националните лидери во пресрет на денешната видео-конференција, на која ќе се разговара за следната рунда мерки за решавање на пандемијата.
На нивниот заеднички последен, минатомесечен состанок, лидерите на покраините и владата се согласија на внимателно отворање на земјата, надминувајќи ги приговорите на канцеларката, според кои неколку заразни варијанти ја отежнуваат контролата на пандемијата.
Институтот за инфективни болести Роберт Кох соопшти дека бројот на нови случаи на заразени на 100.000 жители во текот на неделата изнесуваше 103,9, што е над прагот од 100 на кои единиците за интензивна нега ќе почнат да остануваат без капацитет.
Нацрт документот наведува дека заклучувањето треба да продолжи до 18 април и дека ќе се примени „итната сопирачка“ договорена на последниот состанок.
Најновиот нацрт палн, исто така, ќе ги заостри обврските за компаниите – оние кои не можат да им понудат на вработените можност да работат од дома, ќе мора да им обезбедат еден тест за Ковид-19 неделно или два ако има доволно залихи.
Ново на Сител
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
