Меркел го свикува комитетот за Брегзит

Портпаролот на германската влада денеска изјави дека канцеларката Меркел во среда ќе одржи средба со своите најважни министри со цел да ги договори позициите на Германија во преговорите за заминување на Велика Британија од ЕУ.
Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, тоа ќе биде прва формална средба на специјалниот комитет за Брегзит формиран во рамки германската влада на кој ќе се договара стратегијата на Гераманија во преговорите со Лондон.
Покрај Меркел, во ова тело влегуваат вицеканцеларот и министер за економија Зигмар Габриел, министерот за финансии Волфганг Шојбле и шефот на кабинетот на Меркел Петер Алтмајер.
Според портпаролот на владата во Берлин на состанокот ќе бидат дефинирани германските интереси со цел тие да бидат дел од преговорите на ЕУ со Велика Британија.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
