Меркел бара заострување на законите за депортација на бегалци
Германската кацеларка Ангела Меркел поддржа денска заострување на правилата за депортирање бегалци кои ќе извршат кривични дела и истакна дека дури и тие што ќе добијат условни казни треба да ја напуштат Германија.
– Доколку бегалец не се придржува до правилата, мора да сноси последици што значи дека може да ја загуби дозволата за престој без оглед дали ќе добие условна или затворска казна, нагласи Меркел.
– Доколку законот не дозволува, тогаш мора да се немува законот, смета таа.
Меркел наведе дека заострувањето на законите не е само во интерес на граѓаните туку и во интерес на бегалците кои се во Германија. Според актуелните закони, баратели на азил може со сила да бидат вратени во државите од каде дошле смо доколку се осудени на затворски казни од најмалку три години и ако во државите на потекло не им е загрозен животот.
Ново на Сител
-
Kомеморација по повод 82 години од холокаустот на македонските Евреи
-
Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Азербејџан
-
Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет
-
ЕУ организира комеморација за жртвите на тероризмот
-
Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради
-
Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница