Свет
16. August 2019 - 20:45

Меркел бара средба со Џонсон заради Брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел сака во блиска иднина да разговара тет-а-тет со британскиот премиер Борис Џонсон за Брегзит и други прашања од заеднички интерес, изјави денеска портпаролот на германската влада во Берлин.

– Средбата ќе се одржи наскоро, рече портпаролот Штефен Зајберт, без да го прецизира датумот на состанокот.

Двајцата лидери ќе присуствуваат на Самитот Г7 во Франција, од 24 до 26 август.