Мерката практиканство ја користат и компаниите и невработените лица
![]()
Деветстотини и осумдесет фирми и 1.800 невработени лица пројавиле интерес за учество во мерката практиканство. Досега се склучени договори за 700 практиканти во Агенцијата за вработување во Република Македонија, а мерката е се уште активна и може да се пријават и компании и невработени лица кои сакаат да се вклучат. Над 35 од практикантите преку оваа мерка добиваат вработување во компанијата во која биле на обука.
Ова го истакна директорката на Центарот за вработување во Скопје Слободанка Алексовска при денешната посета на Шпаркасе банката, еден од работодавачите кои ја користат оваа мерка.
- Шпаркасе банка е една од поголемите работодавачи кои ги користи активните мерки за вработување кои ги реализира Агенцијата за вработување и покажува голема доза на општествена одговорност,. што се докажува преку ангажирање млади лица, практиканти во својата банка и овозможување всушност на овие млади лица да се стекнат со практично знаење и практична работа, а потоа нормално да дојдат и до сопствено вработување при што е и крајната цел на Агенцијата, изјави Алексовска.
Досега во банката, односно лани и годинава се ангажирани 30 лица кои ја поминале веќе практичната работа и веќе скоро половина од нив, односно 14 лица се во работен однос.Дополнителни осум лица се уште се на пракса и по нивно завршување, Алексовска очекува нивно можно вработување.
- Процентот на вработливост во оваа мерка е навистина голем. Оваа мерка практично придонесува на многу млади лица до 29 години да добијат можност да се стекнат со прво работно искуство односно со практично искуство до нивното прво вработување, истакна Алексовска.
Таа оцени дека мерката е успешна и поволна за компаниите и за невработените лица и апелираш до сите кои сакат да ја искористат да аплицираат во центрите за вработување.
Олгица Спасевска од Шпаркасе банка истакна дека практиканството е само една од мерките што ја користи оваа компанија од активните мерки на Агенцијата за вработување.
- Оваа мерка ни овозможи да го збогатиме нашиот човечки ресурс со млади потенцијали кои не само што ни помагаат во остварувањето на нашите секојдневни задачи, туку ни овозможуваат да оствариме уште една наша задача, уште една наша заложба, а тоа е траснферот на знаење, истакна Спасевска.
Таа додаде дека тие оваа мерка ја користат активно и во останатите градови каде има свои експозитури и посочи дека веќе го почнале новиот циклус за пријавување за новата мерка практиканство.
Преку оваа мерка младите лица се на обука во одредена компанија три месеци и за тој период добиваат надоместок за храна и превоз со платено осигурување при повреда на работното место во износ од 6.200 денари. По завршувањето на овие три месеци работодавачот не е обврзан да ги вработи.
Ново на Сител
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
-

ЕУ постигна договор за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
