Мерил Стрип една од водителите на доделувањето на Оскар
Славната американска гумица, Мерил Стрип, за која претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е „преценета глумица“ по нејзиниот говор на доделувањето на Златниот глобус, ќе биде еден од водителите на 89. доделување на престижната награда Оскар вечерва во Лос Анџелес.
Американската академија за филмски уметности и наука го соопшти списокот на водители на церемонијата меѓу кои е и Мерил Стрип. Актерката оваа година по 20. пат е номинирана за Оскар во категоријата најдобра актерка за улогата во филмот „Florens Foster Jenkins“.
Стрип на доделување на Златниот глобус го критикуваше Трамп, по што доби овации, а Трамп следниот ден изјави дека таа е преценета.
За улогата „Крамер против Крамер“, Мерил Стрип доби Оскар за најдобра актерка во споредна улога, а за улогите во филмовите „Изборот на Софија“ и „Челична дама“ е наградена за Оскар за главна улога.
Освен Мерил Стрип водители на Оскарот ќе бидат и Рајан Гослинг, Џенифер Анистон, Ворен Бити и Меј Дејмон.
Ново на Сител
-
Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик
-
Лишен од слобода крадец во тетовско
-
Во Неготинско физичка пресметка помеѓу татко и син
-
Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно
-
Денеска се празнува Св. великомаченик Мина
-
„Конзулката од Битола“- кукла робот во Градското шеталиште
-
Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва
-
Телото на исчезнатиот израелски рабин Зви Коган пронајдено во ОАЕ