Мерцедес се преврте и запали на патот Градско - Скопје
Без повреди поминал возач на мерцедес со скопски регистарски таблички, во сообраќајната незгода што се случила попладнево на автопатот Градско-Скопје.
На два километри од мотел Македонија, околу 14.30 часот се случила сообраќајката, кога скопјанецот возејќи го автомобилот, изгубил контрола и се превртел. Според информациите од СВР Велес, најверојатно пукната гума била причината за сообраќајната несреќа.
Од истекувањето на бензинот автомобилот се запалил, но шоферот, кој бил сам во него, успеал неповреден и навреме да излезе. Тој дури одбивал да добие медицинска помош.
Со апарат за гаснење пожар, автомобилот бил изгасен и освен материјална штета, за среќа, нема повредени.
Увидна екипа на СВР Велес се уште е на лице место на несреќата и ги утврдува причините за сообраќајката.
Ново на Сител
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб
-
СДСМ ја повикува власта да ги поддржат мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството