Македонија
24. August 2019 - 19:33

Мерцедес на арачиновец се запали на патот Градско - Прилеп, сам го изгаснал пожарот

Синоќа во 23.40 часот во СВР Битола, Ф.И.(26) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека на патот Градско – Прилеп, додека го управувал неговото патничко возило „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, во моторот на возилото настанал пожар. 

Ф.И. сам го изгаснал пожарот. Повредени лица нема.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.