Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија се „цврсто решени“ да ѝ помогнат на Украина и да ги искористат замрзнатите руски средства за тоа, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц по Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген.
Тој истакна дека лидерите „многу интензивно“ разговарале за користењето на руските средства со цел да се продолжи со помошта за финансирање на Украина, објавува Гардијан.
-Сега тоа внимателно ќе го разгледаме и најверојатно ќе има конкретна одлука за тоа на следниот Европски совет за три недели, рече Мерц.
Германскиот канцелар истакна дека ќе го поддржи „секој начин“ што дозволува користење на замрзнатите руски средства, а со цел да се стави крај на војната во Украина.
Тој додаде дека во рамките на ЕУ постои „силно разбирање“ во врска со таквата опција и истакна дека рускиот претседател Владимир Путин „не треба да ја потценува решителноста“ на ЕУ.
Претходно денеска, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека намерите на ЕУ да користи замрзнати руски средства за да ѝ помогне на Украина се криминални, а иницијаторите и учесниците во ваквите мерки за експропријација сигурно ќе ги трпат последиците.
Таа на брифинг за медиумите изјави дека активностите што вклучуваат промени во правниот статус на рускиот имот повеќе нема да значат замрзнување или блокирање, туку произволно располагање со туѓ имот, односно, како што изјави, „кражба“.
Таа истакна дека секој напад на ЕУ врз рускиот имот ќе биде пресретнат со суров одговор.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
-

Нападната Амбасадата на САД во Ирак
-

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји
-

Шест лица приведени во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога
-

Црвена ѕвезда го совлада шампионот на Евролигата
-

Иран повторно со нови напади кон Израел
