Мерц најави помош од 29 милиони евра за Појасот Газа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Берлин ќе обезбеди 29 милиони евра итна хуманитарна помош за Појасот Газа, откако Израел го ратификуваше договорот за прекинот на огнот со Хамас.
Тој на платформата Икс наведе дека Германија заедно со Египет, ќе организираат конференција за реконструкција на Појасот Газа.
Мерц наведе дека примирјето по повеќе од две години конфликт е „добра вест за луѓето од Блиски Исток и пошироко“.
-Нè води јасен компас: Германија се залага за постоењето и безбедноста на Израел. Веруваме дека решението со две држави нуди најдобра шанса Израелците и Палестинците да живеат заедно во мир и безбедност, наведе Мерц.
Тој додаде дека Берлин е подготвен да учествува во работата на новиот Мировен совет, предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

АХВ: Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла | ФОТО
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
