МЕПСО: Немаме долгови, редовно и навремено ги сервисираме обврските
МЕПСО денеска соопшти дека нема заостанати, неплатени обврски, отфрлајќи ги како неточни информациите изнесени на прес-конференцијата во Министерството за финансии.
Како што стои во соопштението, МЕПСО во рамките на своите деловни потфати има евидентирани обврски кои не се доспеани и не можат да имаат третман на заостанати побарувања.
- Во јавноста беа пласирани податоци за обврски за кои се водат судски процеси кои ќе бидат сервисирани по окончувањето на судските спорови. Во интерес на целосно и објективно информирање, појаснуваме дека финансиските обврски, за кои некои медиуми пренесоа дека се заостанати, а беа третирани на прес-конференцијата на Министерството за финансии, се оспорени и за нив компанијата води судски процеси кои се уште не се завршени. Тоа не се заостанати обврски, наведува МЕПСО и додава дека редовно и навремено, во валутен рок, ги измирува своите обврски врз основа на плановите и реализацијата на своите деловни активности.
Според компанијата, најсилен аргумент за финансиската состојба е долгогодишната континуирана соработка со меѓународните финансиски институции: Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Светската банка спрема кои МЕПСО редовно и навремено ги сервисира сите обврски за инвестициски проекти за зголемување на капацитетите на преносната мрежа и доверливоста во управувањето со електропреносниот систем на Република Македонија.
- Како резултат на долгогодишната соработка, навременото и редовно измирување на обврските и стекнатата доверба, последните две кредитни линии од ЕБРД се без државни гаранции и без обезбедување, истакнува МЕПСО.
Објаснува и дека по поделбата на ЈП Електростопанство на Македонија друштвата кои произлегоа од него имаа меѓусебни побарувања и обврски за кои се водат судски спорови. - За потенцијалните обврски кои можат да произлезат од судските спорови МЕПСО има резервирано средства согласно меѓународните сметководствени стандарди (МСС) презентирани во сите финансиски извештаи на компанијата. По конечното завршување на судските процеси, МЕПСО ќе пристапи кон спроведување конечни судски одлуки во сите елементи што таа ќе ги содржи и ќе ги исполни сите облигации кои ќе произлезат од неа, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица