Менди покрена тужба против Манчестер Сити, бара 11 милиони фунти
Поранешниот играч на Манчестер Сити, Бенџамин Менди денеска поднесе тужба против „граѓаните“. Французинот сака клубот да му исплати 11 милиони фунти за плати што тој не ги добил бидејќи Манчестер Сити престана да му плаќа 500.000 фунти месечно само една недела по обвинувањата за силување и сексуално насилство.
Клубот од „Етихад“ го ангажираше левиот бек од Монако за 52 милиони фунти во јули 2017 година. Договорот што го потпиша беше до јули 2023 година. Договорот вклучуваше и бонуси, според кои Менди требаше да добива по милион секој пат кога Сити ќе се квалификува во Лигата на шампионите, како и 1,2 милиони фунти годишно за имиџ правата.
По обвинението против него во август, тој доби забрана за секакви фудбалски активности од страна на Фудбалскиот сојуз. Од клубот го известиле дека престануваат да му ги исплаќаат платите бидејќи не може да ги исполни обврските од договорот. Сепак, Менди тврди дека според договорот, Сити може да му ги замрзне платите само за период од шест недели.
Менди минатата година беше прогласен за невин по сите обвиненија. Тој потоа потпиша со Лориен.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот