Менаџментот на Тутунски комбинат од Прилеп ќе зема минимална плата, разликата ќе биде донирана на сметката за солидарност за Ковид 19

Одборот на директори на Тутунскиот кобинат АД Прилеп донесе одлука во април целиот менаџмент во компанијата да земе минимална плата во висина од 14.500 денари.
– Според донесената одлука која е во согласност со усвоените економски мерки од страна на Владата за справување со кризата од КОВИД -19, минимална плата ќе добиваат сите извршни членови на Одборот на директори, како и лица со посебни овластувања и одговорности – раководни лица. Ист износ ќе примаат и неизвршните членови на Одборот на директори кои во нормални околности примаат месечен паушал, информираа денеска од компанијата.
Разликата од износот на минималната плата до целосниот износ на плата ќе биде уплатен на сметката за солидарност Ковид 19 што ја отвори Владата.
Од компанијата соопштуваат дека е донесена и одлука дел од вработените заради намалување на трошоците во компанијата да користат платен вонреден одмор. За администрацијата тој ќе биде со траење од еден месец, а за дел од вработените од Погон Тутун 20 дена. Во овој период ќе им биде исплаќан надоместок на плата од 80 проценти согласно одредбите Колективниот договор и Законот за работните односи.
Тутунскиот комбинат од Прилеп, како акционерско друштво целосно во државна сопственост, за првпат по речиси две децении минатата година ја заврши со добивка од над 39 милиони денари.
Ново на Сител
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
-

Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок
-

Зеленски: По нападите врз центрите за податоци на „Јандекс“, има помалку ботови и омраза на социјалните мрежи
-

Хрватска набавува јужнокорејски ракети со дострел до 500 километри, потврди Пленковиќ
-

МП за случајот со Михајлова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман
-

Ивановиќ: Црна Гора денеска ќе затвори три преговарачки поглавја со ЕУ
-

Ѓорѓиевски: Во Скопје в среда продолжува најголемата еко-акција досега
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство
