Меморијален турнир во мал фудбал ,,Херои на Македонија“
Во Спортскиот центар ,,Борис Трајковски“ во Скопје денеска беше отворен меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Херои на Македонија“.
На отварањето на турнирот присуствуваа министрите за одбрана и внатрешни работи Зоран Јолевски и Митко Чавков, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, високи претставници од Министерството за внатрешни работи и други гости.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, пред учесниците го истакна значењето на организацијата на турнирот, преку кој, како што рече, ја продолжуваме борбеноста и им се заблагодаруваме на оние кои го дале својот живот за нашата татковина.
На турнирот, кој годинава се организира по петти пат, покрај екипите на министерствата и Генералштабот на АРМ, учествуваат екипи од повеќе општини од Македонија, од каде има загинати бранители.
Турнирот е во организација на Министерствата за одбрана и внатрешни работи и Здружението ,,Херои на Македонија“.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива