-->
-->
ИН МЕМОРИАМ: Почина спортската легенда Сашо Панов
-->

Во 74. година од животот на Попова Шапка, каде што ги минуваше пензионерските денови, ненадејно почина македонската спортска легенда Сашо Панов. Тој, покрај тоа што беше истакнат спортист, целиот работен век го мина во Македонската телевизија, каде што ги реализираше и најодговорните спортски проекти, како што беа преносите од хокејарскиот турнир на Олимпијадта во Сараво – 1984 година. Тој беше и истакнат уметник, кој зад себе остави многу слики од Старо Скопје и икони, а беше автор и изведувач на иконостасот во црквата на Попова Шапка.
Во долгогодишната спортска кариера, која почна во првата половина од 50. години од минатиот век, Сашо Панов, иако хендикепиран-без една рака која ја загуби по експлозија на бомба уште како дете на скопското Кале, беше повеќекратен тениски пионерски, младински и сениорски првак на Македонија. Во тенис беше и втор на Европското првенство за пионери 1956 година во Суботица. Потоа, од неговата спортска биографија ги бележиме победите и титулите освоени на првенствата на Македонија во алпско скијање, а во слалом беше првак на Југославија за инвалиди, а беше и победник на Зимската Олимпијада за инвалиди одржана во Куршевел (Франција) во 1972 година.
Со екипата на Еврејско маало беше и екипен првак на Македонија во пинг-понг. Со сите тие постигнувања Сашо Панов има почесно место во македонскиот спорт, во кој ќе биде запаметен како вистинска спортска легенда.
Неговиот животен пат заврши онаму каде го поврзуваа спомените од минатото - на Попова Шапка. Таму каде што некогаш победуваше, секогаш беше добредојден на белите патеки, каде и во 70. години од животот на младите вљубеници на белиот спорт им ги демонстрираше скијачките вештини.
Погреб ќе биде во вторник (28 ноември 2017) на Градските гробишта Бутел во 13.00, во Капела од 12.00.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а Џини индексот е првпат под 30 проценти во последните 30 години
-

Собранието го донесе Законот за Судски совет
-

Јаневска: Во образованието почнува да се реализира она што требало многу порано, се движиме добро
-

Зеленски: Од Трамп побарав гаранции за Украина во траење до 50 години
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци
-

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер
-

Умот не ми даваше дека е мртов, потресно сведоштво на мајка на судењето за трагедијата во Пулс
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
