Ин мемориам: Почина професорот Драган Хаџиески
Во осумдесет и седмата година од животот почина професор Драган Хаџиевски еден од основачите на сеизмолошката опсерваторија во Скопје, соопштија од Природно-математичкиот факултет.
Хаџиевски бил редовен професор на ПМФ, член на Меѓународната асоцијација за сеизмологија, Европската комисија за сеизмологија, Здружението на сеизмолози на Македонија, делегат во Заедницата за сеизмологија на СФРЈ, уредник на домашни и странски списанија од геофизика и физика. Автор е на повеќе од стотина научни и стручни статии и студии од областа на геофизиката и сеизмологијата, објавувани кај нас и во странство.
Освен научната работа во овие области, тој има голем придонес и во основањето и развојот на сеизмолошката служба во Република Македонија. Речиси целиот работен век го минува во првата сеизмолошка институција во Република Македонија, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, основана уште во 1957 година. Тој е вториот управник на оваа институција, должност што ја обавува од 1961 година до пензионирањето во 1988 година.
За својата научна и стручна работа има добиено „Орден на трудот со златен венец од претседателот на СФРЈ“ (1979 година), „Орден заслуги за народ со сребрени зраци од Претседателството на СФРЈ“ (1989 година), награда „13 Ноември“ на град Скопје (1966 година, за решението на механизмот на жариштето на скопскиот земјотрес од 26.07.1963 година), „Плакета на Универзитетот “Св. Кирил и Методија“ во Скопје" (1984 година), благодарница со плакета „Андрија Мохоровичиќ“ на Заедницата за сеизмологија на СФРЈ (1986 година).
Ново на Сител
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови