Фудбал
22. February 2022 - 13:22

Ин мемориам: Почина Будла, легендарниот масер на ФК Вардар

Во Скопје по кратко боледување почина легендарниот масер на ФК Вардар, Бранислав Белевски-Будла.

Популарниот Будла е роден 1955г a во редовите на ФК Вардар доаѓа во 1983-та година и останува 20 години.

Беше популарен кај фудбалерите и фановите на Вардар и во времето кога црвено-црните играа во поранешната лига на Југославија препознатлив како заштитен знак на клубот.