Меморандум за соработка за проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“
Меморандум за соработка за спроведување на проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ потпишаа денеска Граѓанската асоцијација МОСТ, Асоцијацијата за демократски иницијативи – Гостивар, Центарот за економски анализи, Младинскиот културен центар - Битола, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ од една страна и Народниот правобранител од друга страна.
Проектот предвидува сеопфатен мониторинг на периодот пред распишувањето на изборите планирани за април 2016 година, спроведување на кампања за подигнување на свеста во врска со правото на глас и тајноста на гласањето, како и обезбедување поддршка на реформата на изборниот процес.
Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов рече дека со потпишувањето на овој Меморандум во Македонија за прв пат се креира ваква платформа од граѓански организации и Народниот правобранител со цел набљудување на овој многу важен транзициски период.
Народниот правобранител Иџет Мемети рече дека ако слободните избори со тајно гласање се столбот на демократијата, тогаш обврска на институциите е да обезбеди услови за спроведување на слободни и фер избори, без притисоци и заплашувања пред, за време и по изборите.
Според Мемети соработката ќе придонесе за посеопфатен мониторинг и контрола над работата на изборните органи и државната администрација, како и за поголема информираност на граѓаните за ефективна заштита на избирачкото право.
Директорот и основач на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ Драги Змијанац истакна дека политичките партии треба да се грижат за потребите и интересите на децаат и да ги вградат во своите предизборни платформи, но не смеат да ги злоупотребуваат со тоа што ќе ги вклучат во своите видеоспотови, билборди и митинзи.
Проектот е поддржан од Амбасадата на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на кралството Холандија, Националниот демократски институт и Националниот фонд за демократија.
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица