Меморандум за соработка на ревизорските тела на Македонија и Хрватска

Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија ја прошири својата меѓународна соработка со уште една земја членка на Европската Унија. Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Соња Ѓелова – Стојанова и претседателот на Хрватскиот комитет за јавен надзор на ревизијата Жељко Фабер во Загреб потпишаа Меморандум за соработка.
Како што информираат, оваа соработка ќе се остварува преку развој на заеднички проекти користејќи ги Твининг и Таиекс програмите на Европската Унија во насока на јакнење на на системот за јавен надзор на ревизијата во двете земји. Вработените во двете земји ќе разменуваат искуства, знаења и вештини во таа насока.
Во соопштението се додва дека претседателот на Хрватскиот комитет за јавен надзор на ревизијата беше позитивно изненаден од досегашните постигнувања на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија во релативно краткиот временски период од неговото основање и ја истакна нивната поддршка како земја членка во ЕУ за зачленување на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија во меѓународните организации како што се ИФИАР и ЕГАОБ.с
Ново на Сител
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
