-->
-->
Меморандум за соработка меѓу Министерството за правда и Советот за родова рамноправност
-->

Mинистерот за правда Валдет Џафери потпиша Меморандум за соработка со Националниот совет за родова рамноправност, застапуван од претседателката Савка Тодоровска.
Целта на меморандумот, како што соопшти денеска Министерството за правада, е преку меѓусебна соработка на оваа институција и Националниот совет да се унапреди заштитата на жените од родово базирано насилство во согласност со европските стандарди, при што ќе се промовира партнерски однос на институциите од централната и локалната власт и цивилното општество.
Во рамките на оваа соработка се предвидуваат обуки за претставниците на институциите заради зголемување на нивните знаењата за важноста и потребата од соодветна општествена реакција против родово базираното насилство.
Меморандумот предвидува и реализација и на активности за унапредување на постојната законска регулатива и нејзино усогласување со меѓународните стандарди што треба да овозможи соодветна заштита на жените жртви на родово базирано насилство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза