Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година

Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини со што се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоуправа, за проектот „Европска престолнина на културата - Скопје 2028“.
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска на „Фејсбук“ напиша дека со потпишувањето официјално и целосно се откочуваат сите процеси поврзани со подготовката и реализацијата на проектот „Европска престолнина на културата - Скопје 2028“.
- Со овој значаен чин се воспоставува јасна и цврста рамка за координирана, одговорна и партнерска соработка на сите нивоа на локалната самоуправа. Во периодот што следи, сите институционални капацитети, ресурси и човечки потенцијали ќе бидат обединети и ставени во служба на достоинствено, непречено и успешно спроведување на програмата „Скопје 2028“, во духот на европските вредности, културната разноликост и активното учество на граѓаните, смета Ѓорѓиевски.
Во објавата се наведува дека потпишувањето на меморандумот испраќа силна порака за заедништво, единство и институционална зрелост, како и јасна потврда дека Скопје е подготвено со одговорност и визија да ја понесе оваа значајна европска улога.
- Овој ден е повод за гордост за сите нас, за градот, за општините, за културниот сектор и за граѓаните. Тој е доказ дека кога сме обединети околу заедничка цел и јасна визија, Скопје може да биде силен, отворен и достоинствен европски културен центар. Со ова, проектот „Европска престолнина на културата - Скопје 2028“ влегува во нова, стабилна и динамична фаза на реализација, во која културата, уметноста и граѓаните се во срцето на идниот развој на нашиот град. Најдоброто, доаѓа, додава градоначалникот.
МИА
Ново на Сител
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
