Свет
19. November 2018 - 22:08

Меланија и Трамп ја дочекаа божиќната елка од 6 метри: Дрвото пристигна во Белата куќа како од бајките

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија денеска ја добија официјалната новогодишна елка за Белата куќа.

Претседателот и прва дама на САД ја добија елката, висока шест метри, која била подигната во фармата на Лари Смит во Њуланд, град во Северна Каролина.

Празничната песна „За божикното дрво” се слушаше додека коњите ја влечеа запрежната кола, во која се наоѓаше елката.